• недела, 03 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Украина ќе добие 21 милијарда евра дополнителна воена помош, одлучија денеска министрите за одбрана на 51 земја

Украина ќе добие 21 милијарда евра дополнителна воена помош, одлучија денеска министрите за одбрана на 51 земја

Брисел, 11 април 2025 (МИА) - Украина ќе добие дополнителна воена помош во вредност од 21 милијарда евра, објавија денеска министрите за одбрана на Велика Британија и Германија, Џон Хили и Борис Писториус на заедничката прес-конференција во НАТО со нивниот украински колега Рустем Умеров по состанокот на министрите за одбрана на 51 земја.

„Постигнавме голем напредок, тоа ќе се одрази на бојното поле оваа година. Украина треба да може да се одбрани за преговорите да доведат до траен и праведен мир“, рече Писториус.

Тој предвидува дека мирот не е на повидок во блиска иднина. Објасни дека некои од учесниците поради други обврски на денешната средба се вклучиле преку видео конференција, како што е американскиот секретар за одбрана.

Според Хили, рускиот претседател Владимир Путин тврди дека сака мир, но ги одложува преговорите и продолжува со гранатирање цели во Украина.

„Испраќаме сигнал до Путин и Украина дека ќе бидеме со Киев во војна и во мир“, рече Хили. рп/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан