• четврток, 11 јули 2024

Украина уништи 10 од 17 лансирани руски дронови

Украина уништи 10 од 17 лансирани руски дронови

Киев, 5 декември 2023 (МИА) - Украинските сили уништија 10 од 17 беспилотни летала со кои Русија синоќа ја нападна Украина, соопшти Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

Покрај беспилотните летала „Шахед“ Русија лансираше и шест противвоздушни наведувани ракети С-300, кои гаѓаа цивилни цели во регионите Доњецк и Херсон, пренесува украинската агенција Униан.

Нападот ноќеска траел неколку часа, додава украин ската војска.сд/

Остани поврзан