• четврток, 26 март 2026

Украина тврди дека погодила руска фабрика за експлозиви и нафтен терминал во Крим

Украина тврди дека погодила руска фабрика за експлозиви и нафтен терминал во Крим

Киев, 6 октомври 2025 (МИА) - Украинските вооружени сили соопштија денеска дека погодиле една од главните руски фабрики за производство на експлозиви за различни видови муниција, како и нафтен терминал на окупираниот Крим.

Главниот штаб на украинската армија информираше дека по нападот врз Свердловската фабрика за експлозиви во градот Џержинск, во Нижегородската област, биле пријавени бројни експлозии, а пожар избувнал и по ударот врз нафтниот терминал во Феодосија, на Крим.

Гувернерот на Нижегородската област, Глеб Никитин, изјави дека руската противвоздушна одбрана одбила напад со 20 дронови врз индустриската зона на Џержинск. – Според првичните податоци, остатоци од дроновите раниле еден цивил, чиишто живот не е во опасност, рече Никитин.

Украински дронови, според извештаите, погодиле и термоелектрана во градот Клинци, во Брјанската област, како и нафтена рафинерија во градот Туапсе, во Краснодарскиот крај, при што се повредени двајца руски државјани. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан