Украина со дронови ја нападна Русија, Москва одговори
- Украина со беспилотни летала изминататат ноќ извршила напади на повеќе локации во Русија, меѓу кои и врз склад за гориво во централниот руски регион Орјол, што предизвикало голем пожар. Русија, пак, од друга страна ноќеска лансирала 132 беспилотни летала. Аларм за воздушна опасност беше објавен низ цела Украина.
Киев/Москва, 14 декември 2024 (МИА) - Украина со беспилотни летала изминататат ноќ извршила напади на повеќе локации во Русија, меѓу кои и врз склад за гориво во централниот руски регион Орјол, што предизвикало голем пожар.
Гувернерот на Орјол, Андреј Кличко, изјави дека пораот бил предизвикан од украински „масивен напад“ на инфраструктурата во регионото.
Гувернерот на Краснодарската област Владимир Кондратиев, пак, соопшти дека противвоздушната одбрана уништила украински беспилотни летала во неколку области. Еден дрон искршил стакла на куќи во селото, но нема повредени.
ПВО уништи седум беспилотни летала над областа Брјанск на границата со Украина, изјави гувернерот Александар Богомаз. Во рускиот регион Белгород, гувернерот Вјачеслав Гладков информира дека украинските дронови погодиле две села, при што едно лице е повредено, а е запалена и куќа.
Русија, пак, од друга страна ноќеска лансирала 132 беспилотни летала. Аларм за воздушна опасност беше објавен низ цела Украина. Украинската воздушна одбрана соборила 58 од 132 беспилотни летала, соопшти украинското воздухопловство.
Се додава дека 72 руски беспилотни летала се „изгубени“ поради употребата на системи за електронско попречување. Нема извештаи за поголема штета.са/