Украина соопшти дека синоќа била нападната од Москва со пет проектили и 75 дронови
- Украина соопшти дека синоќа била нападната од Русија со пет проектили и 75 беспилотни летала.

Киев, 17 април 2025 (МИА) - Украина соопшти дека синоќа била нападната од Русија со пет проектили и 75 беспилотни летала.
Украинското воено воздухопловство собори 25 беспилотни летала, а уште 30 дронови не стигнаа до целите, најверојатно поради контрамерки на силите за електронско војување.
Во соопштението на украинската војска не е прецизирано што се случило со преостанатите 20 беспилотни летала и проектили. мс/
фото: МИА архива