• понеделник, 25 ноември 2024

Украина соопшти дека нема докази за тврдењето на Русија дека десетици воени заробеници загинале во авионска несреќа

Украина соопшти дека нема докази за тврдењето на Русија дека десетици воени заробеници загинале во авионска несреќа

Киев, 27 јануари 2024 (МИА) - Украинските власти денеска соопштија дека Русија не доставила веродостојни докази за да ги поткрепи своите тврдења дека украинските вооружени сили собориле воен транспортен авион со украински воени заробеници кои требало да бидат разменети за руски воени заробеници.

Украинската агенција за размена на затвореници соопшти дека Русија „задоцнето“ им доставила список од 65 Украинци за кои Москва вели дека загинале во авионската несреќа во средата во рускиот регион Белгород.

Украинскиот координативен штаб за воени заробеници соопшти дека роднините на споменатите воени заробеници не биле во можност да ги идентификуваат нивните најблиски на фотографиите од местото на несреќата што ги обезбедија руските власти. Подоцна, шефот на военото разузнавање на Украина, Кирил Буданов, рече дека Киев нема потврдени информации за тоа кој се наоѓал во авионот.

- Во моментов немаме докази дека можело да има толку многу луѓе во авионот. Тврдењето на руската пропаганда дека авионот Ил-76 превезувал 65 украински воени заробеници (на пат кон размена на затвореници) продолжува да покренува многу прашања, истакна Буданов. ссм/

фото: архива

Остани поврзан