Украина соборува 90 отсто од руските дронови, тврди шефот на одделот за комуникации на командата на украинските воздухопловни сили
- Украинските одбранбени сили соборуваат 90 отсто од руските беспилотни летала, но Москва ги зголемува нападите, користејќи и ударни дронови и дронови-мамка, тврди Јуриј Игнат, шеф на одделот за комуникации на командата на воздухопловните сили на Украина.

Киев, 24 март 2025 (МИА) - Украинските одбранбени сили соборуваат 90 отсто од руските беспилотни летала, но Москва ги зголемува нападите, користејќи и ударни дронови и дронови-мамка, тврди Јуриј Игнат, шеф на одделот за комуникации на командата на воздухопловните сили на Украина.
„Тактиките постојано се менуваат во согласност со задачите поставени од непријателот, во согласност со временските услови и во согласност со тоа кога непријателот ќе почне да користи нови, модернизирани беспилотни летала“, рече Игнат.
Тој истакна дека руските дронови од топот „Шахед“ еволуирале.
"Тие поставуваат различни експлозиви, се користат различни системи за наведување, така што одбранбените сили треба да го земат предвид сето ова. Тоа се зема предвид на командните пунктови, командата на воздухопловните сили постојано работи со партнерите за да ги подобри овие резултати. Денес сите одбранбени сили соборуваат 90 отсто од беспилотните летала", рече Игнат.
Тој нагласи дека тоа се одбранбени сили, а не само воздухопловните сили. „Секогаш напоменуваме дека сите одбранбени сили денес имаат своја противвоздушна одбрана, според нивното ниво. Да, тоа не е со долг дострел, но сите заедно го обезбедуваат овој резултат секоја вечер“, додаде Игнат.
Покрај тоа, Игнат рече дека нападите се зголемуваат не само со ударни дронови, туку и со дронови-мамка, кои воздухопловните сили ги нарекуваат „локациски изгубени“. рп/
Фото: ЕПА