• недела, 22 декември 2024

Украина не треба да користи американско оружје за напади врз руска територија, изјави американски генерал

Украина не треба да користи американско оружје за напади врз руска територија, изјави американски генерал

Вашингтон, 25 мај 2023 (МИА) -  САД одамна и укажаа на Украина да не користи воена опрема произведена од САД за напади врз руска територија, изјави денеска висок американски генерал, поради наводите дека проукраинска вооружена група користела оклопни возила на САД.

Началникот на здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили, изјави дека неговиот кабинет ги прегледува фотографиите на кои се прикажани возила за кои се верува дека биле користени во напад на рускиот пограничен регион Белгород.

Сепак, според него, на Киев му е јасен американскиот став дека слична опрема од американско производство не треба да се користи во Русија. зш/

Остани поврзан