• четврток, 26 декември 2024

Украина и Литванија ја интензивираат соработката во одбранбената индустрија

Украина и Литванија ја интензивираат соработката во одбранбената индустрија

Киев, 5 ноември 2024 (МИА) – Претставниците на украинскиот државен концерн за оружје „Укроборонпром“ и Литванија разговараа за понатамошна соработка во областа на одбранбената индустрија, изјави украинскиот министер за стратешки индустрии, Херман Сметанин.

- Учесниците на состанокот разговараа за статусот на имплементација на тековните заеднички проекти и потенцијалните области на соработка. Разговараа и за растечките способности на украинската одбранбена индустрија и развојот на високопрецизно оружје со долг дострел, посочи Сметанин.

Сметанин и министрите за одбрана на Украина и Литванија, Рустем Умеров и Лауринас Кашунас потпишаа меморандум за заедничко производство на беспилотни летала, муниција и радио-електронска опрема. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан