• недела, 22 декември 2024

Украина засега нема да ги тужи земјите кои го ограничија увозот на нејзиното жито

Украина засега нема да ги тужи земјите кои го ограничија увозот на нејзиното жито

Киев, 5 октомври 2023 (МИА) – Киев соопшти дека ја привремено ја стопира тужбата пред Светската трговска организација (СТО) против неколку граничи земји-членки на ЕУ, вклучително и Полска, кои воведоа ограничувања за увозот на жито од Украина.

- Додека бараме практично решение, нашите спорови во СТО засега се прекинати, изјави украинскиот заменик министер за економија Тарас Качка.

Тој оцени дека споровите околу извозот на украинското жито ќе бидат „решени во наредните недели и месеци“.

Полска оцени дека прекинот на тужбата е „неопходен“.

- Со нетрпение очекуваме други конструктивни украински чекори за развивање правилен однос во земјоделските прашања, изјави портпаролот на полската Влада, Пјотр Милер.

Во септември, Полска, Словачка и Унгарија го продолжија ембаргото за увоз на украинско жито и покрај тоа што Брисел ги укина ограничувањата. Тие нагласуваат дека сакаат да ги заштитат своите земјоделци од вишокот на украинско жито што ќе ги намали цените на нивните пазари.

Украина беше во можност да извезува жито преку Црното Море една година благодарение на договорот со Москва што беше постигнат со посредство на Турција и ОН. Русија се повлече од договорот во јули поради западните санкции кои го ограничуваат нејзиниот извоз. Оттогаш Киев се обидува да воспостави нов коридор преку Црното Море и покрај руските закани. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан