• понеделник, 27 јануари 2025

Украина, Блискиот Исток и односите ЕУ-САД, главни теми на Советот за надворешни работи на Унијата 

Украина, Блискиот Исток и односите ЕУ-САД, главни теми на Советот за надворешни работи на Унијата 

Брисел, 27 јануари 2025 (МИА) – Последните случувања поврзани со руска агресија врз Украина, состојба на Блискиот Исток и односите меѓу Европската Унија и САД, се главните теми на денешното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел. 

Пред заседанието на Советот, со кој ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата ќе имаат работен појадок на кој ќе разговараат за хибридните закани со кои се соочува блокот, поврзани со неодамнешните саботажи, кибер напади, обидите за мешање и влијание врз изборните процеси и оштетувањето на подводната инфраструктура во Балтичкото Море. 

Состанокот на министрите за надворешни работи ќе започне со неформална размена на мислења преку видео конференциска врска со нивниот украински колега Андриј Сибиха за најновиот тек на настаните во Украина поврзани со руската агресија и актуелните приоритети на земјата. 

По ова европските министри ќе дебатираат за начините за засилување на воената поддршка на ЕУ за Украина, која опфаќа снабдување со муниција и системи за противвоздушна одбрана и обука и опремување на украинските вооружени силите.  

Министрите ќе дискутираат за можностите за зголемување на притисокот врз Русија, вклучително и за 16-тиот пакет на санкции чија подготовка е во тек, како и за напорите за обезбедување одговорност и за финализирањето на работа на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторства извршени при руската агресија. 

Украинската армија соопшти дека има борби со руските сили во непосредна близина на главниот град Киев.

ЕУ и нејзините претставници досега во повеќе наврати ја потврдуваа непоколебливата посветеност за обезбедување континуирана политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка на Украина и нејзиниот народ онолку долго и интензивно колку што е потребно, како и поддршката за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, во согласност со клучните принципи и цели на украинската формулата за мир. 

За време на работниот ручек министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за односите ЕУ-САД, во светло на стапувањето на должност на новиот американски претседател Доналд Трамп. 

Целта на дискусијата е да се идентификуваат предизвиците, да се договорат приоритетите, да се мапираат можностите за позитивна агенда и да се координира ангажманот меѓу земјите-членки во односите со САД. 

Земјите членки на ЕУ се согласни околу потребата од изградба на „блиски и позитивни односи“ со новата Американска администрација и заеднички ангажман за приоритетите на надворешната и безбедносната политика и за одржување позитивни трговски и економски односи меѓу Унијата и САД. 

Во попладневното продолжените на заседанието на Советот ќе се дискутира за најновите случувања на Блискиот Исток по договорот за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и Хамас, како и за состојбите во Сирија и во Либан. 

Членовите на Советот ќе разменат мислења за мерките за поддршката на Сирија и можното олеснување на рамката на европски санкции кон земјата, по падот на „криминалниот режим“ на поранешниот сириски претседател Башар Асад. 

null

ЕУ инсистира на искористување на историската можност за повторно обединување и обнова на Сирија и ја истакнува важноста на инклузивен политички процес, кој ќе ги „исполнува легитимните аспирации на сирискиот народ во согласност со основните принципи на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН“.  

Министрите ќе разговараат и за случувања во Газа по прекинот на огнот од 15 јануари, при што се очекува да повикаат на целосно почитување на договорот, како и да ја реафирмираат посветеноста на ЕУ на постигнување праведен, сеопфатен и траен мир заснован на решението за две држави - Израел и Палестина, кои ќе егзистираат една покрај друга во мир и безбедност.  

Во тие рамки се очекува повторување на определбата за помош на Палестинската автономна управа за задоволување на нејзините најитните потреби и за поддршката на нејзината реформска агенда, како и за ангажман со Израел и меѓународните партнери за заживување на политичкиот процес. 

Исто така, предвидено е Калас да ги информира министрите за подготовките за состанокот на Советот за асоцијација ЕУ-Израел и за првиот дијалог на високо ниво на Унијата со палестинските власти. 

Во однос на Либан, Советот ќе разговара за поддршката на либанските вооружени сили и државни институции, со цел да се консолидира примирјето договорено во ноември 2024 година. По изборот на нов либански претседател по нешто повеќе од 26 месеци, се очекува министрите да се осврнат и можноста за реактивирање на партнерството меѓу ЕУ и Либан. 

Британските медиуми пренесуваат дека со ваквата нивна одлука се отвора патот владата да се состане по цели три месеца, период во кој дојде до натамошен колапс на економијата и националната ва

Покрај ова, шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на состанокот ќе разговараат и за прашања поврзани со безбедноста и одбраната и за случувањата во Молдавија и Грузија, а планирано е и да ги одобрат заклучоците за приоритетите на Унијата на форумите на ОН за човекови права во текот на 2025 година. 

Во врска со Грузија се очекува министрите да дискутираат за опциите на ЕУ за одговор на политичката криза во земјата, на натамошното влошување на состојбата со демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, како и нејзиното „оддалечување од евроатланските интеграции“.  

ЕУ веќе изрази „сериозна загриженост“ во врска „активностите преземени од грузиската влада, што се во спротивност со вредностите и принципите врз кои е заснована Европската Унија“, го осуди насилството врз демонстрантите, опозициските политичари и претставниците на медиумите и ја нагласи својата подготвеност „да ги поддржи европските аспирации на грузискиот народ и патот на земјата кон членство (во блокот), доколку грузиските власти го сменат сегашниот курс на дејствување“. Од тој аспект ЕУ ја замрзна помошта за грузиските власти и дел од неа пренасочи кон граѓанското општество и независните медиуми. 

Предвидено е министрите да се осврнат на потребата од одржлива, опиплива и видлива поддршка на ЕУ за Молдавија, која е погодена со сериозна енергетска криза по прекинот на транзитот на руски гас низ територијата на Украина од 1 јануари годинава и се очекува да ја повикаат Европската комисија итно да предложи мерки за помош на земјата и за зајакнување на нејзината енергетска безбедност. 

Во предвечерјето на заседанието на Советот, Калас синоќа приреди вечера за министрите и за белоруската опозициска лидерка Свјатлана Циханускаја, на која се разговараше за случувањата во Белорусија, вклучително и за вчерашните претседателски избори во земјата за кои ЕУ уште пред нивното одржување оцени дека „нема да бидат ниту слободни, ниту фер“. Вечерата е искористена за проценка на развојот на настаните во земјата, за начините за „поддршка на белорускиот народ“ и за продолжување на притисок врз властите во Минск. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан