• понеделник, 23 декември 2024

Украина бара затворање на воздушниот простор над нуклеарните централи

Украина бара затворање на воздушниот простор над нуклеарните централи
Киев, 3 март 2022 (МИА) - Украина ја замоли Меѓународната агенција за атомска енергија, да побара помош од НАТО, за да се затвори воздушниот простор над подрачјата каде се наоѓаат нуклеарните централи. Со тоа, би се спречил можен „нуклеарен тероризам“ од страна на Русија, соопшти украинското Министерство за енергетика. „Инсистираме да се преземат итни, решителни активности“, се наведува во соопштението на Министерството, преземено  од британските медиуми. Украина има 15 нуклеарни реактори, а Русија веќе ја презеде затворената нуклеарна централа во Чернобил. бд/
 

Остани поврзан