• понеделник, 23 декември 2024

Укинат притворот за возачот на Палчо, определени мерки за претпазливост

Укинат притворот за возачот на Палчо, определени мерки за претпазливост

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - По предлог на надлежен обвинител Судот го укина притворот за возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо.

На Стефан Димовски, кој е осомничен за помагање при бегството, определени му се мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

-   По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престојувалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Обвинителство, информираат дека максималното законски возможно траење на притворот за кривичното дело за кое се сомничи Димовски е три месеци.

- Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Димовски, се сомнични дека го возел од Србија до Турција првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција.

 - Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување

За двојното убиство, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. аа/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан