Укината рестрикцијата во водоснабдувањето во Дебар
- По 34 дена рестрикции, жителите на Дебар добија нормализирано водоснабдување откако денеска беше укината рестрикцијата во водоснабдувањето во Дебар воведена на 22 јули.
Дебар, 25 септември 2025 (МИА) - По 34 дена рестрикции, жителите на Дебар добија нормализирано водоснабдување откако денеска беше укината рестрикцијата во водоснабдувањето во Дебар воведена на 22 јули.
Како што изјави за МИА Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, рестрикцијата била поради злоупотребата на водата за пиење.
-На воведување на оваа непопуларна мерка бевме принудени откако нашите апели таа рационално да се користи беа попусти. Корисниците продолжија со злоупотреба на водата за пиење, за наводнување зелени површини, градини, миење на дворови па дури и тротоари и улици пред секоја куќа. Тука секако и масовното присуство на иселениците, што дополнително ја зголемува потрошувачката, изјави Каба.
Управата на „Стандард“, кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, воведе рестрикција во градот и тоа во период од 13 до 16 часот, но имаше денови кога таа беше продолжена по час до два, додека во селото Долно Косоврасти од 10 до 13 часот.
-На овој начин, обезбедувавме вода и за другите, повисоки, делови на градот, каде што поради нискиот притисок, поради злоупотребата, вода немаше речиси во текот на целиот ден, додаде Каба.
Според него моментно во главниот резервоар во градот пристигнуваат над 120 литри вода во секунда.
Дебар со вода за пиење се снабдува од изворите во малореканското село Росоки, преку водоводот Росоки-Дебар, но и селата Долно Косоврасти и Рајчица, низ кои минува водоводот, а од кракот што се издвојува кај Мелнички Мост и дел од општина Центар Жупа. вт/ар
Фото:МИА архива