Укината забрана за камиони и на патниот правец Маврово - Дебар
- Од 16:05 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Маврово - Дебар, соопшти АМСМ. Претходно, како што соопшти ЈП „Македонија пат“, од 14.30 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево.
Скопје, 1 февруари 2026 (МИА) - Од 16:05 часот укината е забраната за движење за тешки товарни возила на патниот правец Маврово - Дебар, соопшти АМСМ.
Претходно, како што соопшти ЈП „Македонија пат“, од 14.30 часот беше укината и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево. Забраната беше воведена денеска од 9.40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег.
Забрана за сообраќај на камиони и автобуси од 9.20 часот е воведена за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица - Попова Шапка и од 5.45 часот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Како што информира ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. вг/
Фото: МИА архива