• четврток, 13 февруари 2025

Укината забраната за камиони на патот Делчево - ГП Делчево

Укината забраната за камиони на патот Делчево - ГП Делчево

Скопје, 13 јануари 2025 (МИА) - Од 11:40 часот укината е забраната за движење тешки товарни возила на патниот правец Делчево - ГП Делчево, информира АМСМ.

 Од 07:30 часот беше воведена забрана за сообраќај на овој патен правец од превентивни причини за безбедно одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан