• понеделник, 04 ноември 2024

УЕФА одлучи да не го прошири Европското првенство на 32 репрезентации

УЕФА одлучи да не го прошири Европското првенство на 32 репрезентации
Франкфурт, 9 октомври 2022 (МИА) - УЕФА одлучи да не го прошири Европското првенство. Форматот со 24 тима ќе биде задржан. УЕФА ја разгледа можноста за зголемување на бројот на учесници на 32 земји, објави „Скај њуз“. Организацијата сметаше дека обезбедувањето дополнителни места ќе го девалвира квалификацискиот циклус на турнирот, што ќе ги направи натпреварите помалку атрактивни и ќе бара ревизија на форматот. За денес во 12 часот е закажана ждрепката за квалификациите за Еуро 2024 година. Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир. зс/

Остани поврзан