УЕФА: Минута молк пред натпреварите на женското ЕП
- Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека пред почетокот на сите денешни и утрешни натпревари на Европското првенство за жени ќе се одржи минура молк во знак на почит кон португалските фудбалери Диого Жота и Андре Силва, кои загинаа ноќта меѓу средата и четврток во сообраќајна несреќа.
Нион, 3 јули 2025 (МИА) – Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека пред почетокот на сите денешни и утрешни натпревари на Европското првенство за жени ќе се одржи минура молк во знак на почит кон португалските фудбалери Диого Жота и Андре Силва, кои загинаа ноќта меѓу средата и четврток во сообраќајна несреќа.
Жота (28) и неговиот брат Силва (26) загинаа во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора, кога автомобилот во кој се возеле се запалил откако излетал од патот.
Жота беше фудбалер на Ливерпул и член на португалската репрезентација, додека Силва играше за португалскиот второлигаш Пенафиел.
Одлуката на УЕФА дојде откако Португалската фудбалска асоцијација поднесе барање за едноминутен молк пред вечерашниот натпревар помеѓу женските репрезентации на Португалија и Шпанија поради смртта на Жота и Силва. ег
ФОТО: ЕПА