• недела, 22 декември 2024

УЕФА го зголеми бројот на играчите за ЕП 2024

УЕФА го зголеми бројот на играчите за ЕП 2024

Нион, 3 мај 2024 (МИА) - УЕФА се согласи да го зголеми бројот на играчи од 23 на максимум 26 во проширените состави за Европското првенство летово во Германија, соопштија од централата.

Тимовите традиционално именуваат 23 играчи во нивните тимови за големите првенства, но УЕФА дозволи по три дополнителни играчи за ЕП 2020 и Светското првенство 2022 година поради пандемијата Ковид-19.

-Извршниот комитет на УЕФА денеска одлучи да ги зголеми проширените состави кои ќе учествуваат на претстојното УЕФА ЕУРО 2024 од првичните 23 на 26 играчи, се вели во соопштението на УЕФА.

Тимовите имаат рок до 7 јуни да и достават на УЕФА список на нивните тимови со минимум 23 играчи и максимум 26. дс

Фото: Архива

Остани поврзан