Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто
- Цените на угостителските услуги во јануари годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 14.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Цените на угостителските услуги во јануари годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 14.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во споредба со декември 2022, пак, се повисоки за за 0.7 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.9 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 %, Безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Ноќевања за 0.2 %.са/