• недела, 22 декември 2024

Убиецот на Арбери може да одговара за убиство извршено од расна омраза

Убиецот на Арбери може да одговара за убиство извршено од расна омраза
  Вашингтон, 11 мај 2020 (МИА) Министерството за правда на САД најверојатно ќе покрене федерално обвиненија за криминално дело извршено од расна омраза против белец кој го застрела невооружениот афроамериканец Ахмад Арбери за време на џогинг во крајбрежниот град Брансвик, сојузна држава Џорџија. Убиството се најде во фокусот на вниманието на јавноста во САД откако се дозна дека и покрај тоа што немилиот настан со случил уште во фебруари, учесниците во инциденот, Џорџ и Травис Мекмајкл, татко и син, досега не биле задржани. Федералното биро за истраги (ФБИ) се вклучи во истрагата за да утврди како реагирала месната полиција. -Ги разгледуваме сите расположливи информации за да детерминираме дали треба да се подигне федерално обвинение за криминал извршен врз основа на расна омраза, изјави денеска Кери Купеч, официјален претставник на министерството. Арбери бил убиен на 23 фебруари, 2020 година, додека џогирал во соседството. Деновиве излезе и видео снимка од пукањето. Некои извештаи ги цитираат таткото и синот кои наводно пукале во Арбери бидејќи мислеле дека се работи за разбојник. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан