Убедлив триумф за македонските фудбалери на натпреварот со Гибралтар
- Македонската фудбалска репрезентација забележа убедлива победа со 4:0 вечерва против Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Скопје, 12 јуни 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација забележа убедлива победа со 4:0 вечерва против Гибралтар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Средбата од Лигата на нации беше решена по само 15-ина минути игра кога на семафорот стоеше 3:0 за домаќинот.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски од самиот почеток покажаа одлучност да ги освојат бодовите и веќе во 4. минута поведоа преку Енис Барди. Следуваа два погодока на Бојан Миовски (14 и 16. минута) за убедливи 3:0. До крајот на првото полувреме Дарко Чурлинов (31. минута) зголеми на 4:0.
Во второто полувреме мрежите на двете страни мируваа.
Ова е втор триумф за Македонците во меѓусебните дуели во јунскиот циклус. Пред една недела во Гибралтар резултататот беше 2:0.
На другиот натпревар од четвртата група во Ц-цегментот Грузија и Бугарија одиграа нерешено 0:0.
По три кола македонскиот национален тим има седум бода и е втор на табелата, зад лидерот Грузија која има бода 10 бода. Бугарија е трета со три Гибралтар е последен со еден освоен бод. зс/