• понеделник, 23 декември 2024

Уапсен сериски убиец на бездомници во Барселона

Уапсен сериски убиец на бездомници во Барселона
Барселона, 28 април 2020 (МИА) - Маж, кој е осомничен дека убил најмалку тројца бездомници во Барселона за време на карантинската блокада поради новиот коронавирус, е уапсен денеска, соопшти полицијата. Тој е приведен во Сант Кугат дел Вајес во предградието на крајбрежниот медитерански град, само неколку часа откако бездомник беше пронајден мртов од страна на регионалните полициски сили на Каталонија - Мосос д'Ескадра. На безживотното тело имало знаци на насилна смрт. Пронајдено е „во истата област каде што се пријавени други смртни случаи на бездомници во последните неколку недели“, додаде портпарол на полицијата. Мажот добил удрен во главата, како и останатите жртви. Од 19 март досега се убиени четворица бездомници во Барселона, вториот по големина град во Шпанија. Улиците главно се пусти откако шпанската Влада воведе карантин на 14 март, оставајќи ги луѓето да излезат само за да одат на работа, доколку не можат да работат од дома, да купат храна и лекови и кратко да го прошетаат своето милениче. гт/

Остани поврзан