• недела, 22 декември 2024

Уапсен поранешниот пакистански премиер Кан под обвинение за корупција

Уапсен поранешниот пакистански премиер Кан под обвинение за корупција

Исламабад, 5 август 2023 (МИА) - Поранешниот пакистански премиер и лидер на опозицијата Имран Кан е уапсен денеска, откако пакистанскиот суд го осуди на три години затвор под обвинение за корупција.

-Претседателот на ПТИ е уапсен од неговата резиденција во Лахоре, се вели во соопштението на пакистанската партија Техрик-е-Инсаф.

Судот во Исламабад го обвини Кан дека лажел за државните подароци добиени за време на неговиот мандат, потврди партискиот портпарол за ДПА.

Со пресудата, која беше изречена во воздржаност, на Кан му се забранува политичка функција во следните пет години. Кан, кој отсекогаш ги негираше наводите, сепак може да поднесе жалба на пресудата.

Овој потег веројатно ќе поттикне дополнителни тензии во земјата. Кога Кан последен пат беше уапсен во мај, неговите поддржувачи упаднаа во владините институции. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан