• сабота, 06 декември 2025

Уапсен осомничен за подметнување пожар во резиденцијата на гувернерот на Пенсилванија

Уапсен осомничен за подметнување пожар во резиденцијата на гувернерот на Пенсилванија

Вашингтон, 14 април 2025 (МИА) - Полицијата во Пенсилванија уапси 38-годишен маж по име Коди Балмер, осомничен дека подметнал пожар во службената резиденција на гувернерот на сојузната држава, Џош Шапиро.

Инцидентот се случил во првата ноќ на еврејскиот празник Пасха, кога гувернерот бил дома со семејството во Харисбург. Тие биле разбудени од безбедносните служби околу 2 часот по полноќ и веднаш евакуирани.

Според истрагата, осомничениот ја прескокнал оградата околу резиденцијата и активирал импровизирано запаливо средство во објектот. Подоцна бил уапсен во близина на местото на настанот.

Против Балмер ќе бидат поднесени обвиненија за обид за убиство, тероризам и подметнување пожар. Истрагата продолжува. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан