• петок, 22 ноември 2024

Уапсен боливискиот министер за здравство поради набавка на скапи респиратори

Уапсен боливискиот министер за здравство поради набавка на скапи респиратори
Ла Паз, 25 мај 2020 (МИА) - Сменетиот боливиски министер за здравство Марсело Навахас (62) е уапсен бидејќи со истрага е утврдено дека купувал болнички респираторни машини трипати поскапи од вистинската цена. На Навахас му е одреден тримесечен притвор. Боливиската претседателка Жанин Ањес го смени Навахас во четвртокот по извештајот дека на една каталонска компанија и платил 4,7 милиони долари за 179 респиратори поради лекување на пациентите заболени од новиот коронавирус. Утврдено е дека машините биле трипати поскапи од вистинската цена. Навахас ја извршуваше министерската функција само 45 дена, а неговиот адвокат тврди дека тој не е виновен. Освен него, уапсен е и директорот на Министерството, Фернандо Валенцуела, кому е одреден шестмесечен притвор. Интер-американската развојна банка, која ја финансирала набавката на респираторите соопшти дека започнала сопствена истрага за случајот. гт/

Остани поврзан