Уапсени 105 лица осомничени за вмешаност во активности на групата „Исламска држава“ во Турција
- Турската полиција приведе 105 лица осомничени за вмешаност во активностите на терористичката група „Исламска држава“, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја во објава на Икс.

Истанбул, 11 април 2025 (МИА) - Турската полиција приведе 105 лица осомничени за вмешаност во активностите на терористичката група „Исламска држава“, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја во објава на Икс.
Акцијата е спроведена во 23 окрузи во Турција, а уапсените се осомничени и за финансирање терористичка организација и пропаганда во корист на групата на социјалните мрежи.
Во 2013 година Турција беше една од првите земји што ја вклучи Исламската држава на листата на терористички организации.
Оттогаш, земјата постојано е мета на групата, со најмалку десет самоубиствени напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, а стотици други се ранети. рп/
Фото: МИА архива