• четврток, 04 декември 2025

ТФТ се избори за четврти натпревар во финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром

ТФТ се избори за четврти натпревар во финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром

 

Скопје, 29 мај 2025 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ Скопје се изборија за четврти натпревар во финалната серија од плејофот, откако вечерва го совладаа на домашен терен бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром со 63-58 и ја намалија негативата на 1-2 во серијата до три победи.

По двата гостинските порази во воведните два натпревари од плејофот, ТФТ фуриозно го отвори третиот дуел и на полувреме замина со предност од 42-23.

Актуелниот шампион се врати резултатски во игра во третата четвртина (29-10) и го однесе натпреварот во неизвесна завршница во која кошаркарките на ТФТ, сепак, беа поуспешни и ја пролонгираа шампионската промоција.

Најефикасни во редовите на ТФТ беа Браун со 20 и Ташовски со 17 поени, додека Едвин со 19 поени беше најистакнат во редовите на МЗТ Скопје Аеродром.

Четвртиот натпревар од плејофот за шампионската титулата ќе се игра в понеделник, а домаќин повторно ќе биде ТФТ. ег

ФОТО: МИА

Остани поврзан