• четврток, 09 мај 2024

ТФТ поразен од Сутјеска во АБА 2 лигата

ТФТ поразен од Сутјеска во АБА 2 лигата

Широки Брег, 19 декември 2023 (МИА) – Кошаркарите на скопски ТФТ го претрпеа петтиот пораз во шестиот натпревар во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва загубија од црногорска Сутјеска со 74-60 (37-24).

По израмнетата прва четвртина (17-17), победникот беше навестен во вториот период кој црногорскиот тим го реши во своја корист со 20-7.

Македонскиот состав не успеа во второто полувреме да ја надомести големата негатива и остана на последното место на табелата со една победа од шест натпревари.

Во рамки на седмото коло од третиот овосезонски АБА 2 турнир кој се игра во Широки Брег, кошаркарите на ТФТ в четврток ќе играат против Борац од Бања Лука. ег/бт/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан