Тухел со коментар за можниот трансфер на Жоржињо ПСЖ
- Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел не ја негираше можноста за трансфер на фудбалерот на Челзи, Жоржињо.

Париз, 29 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел не ја негираше можноста за трансфер на фудбалерот на Челзи, Жоржињо.
Кога Германецот го прашаа за ова во етерот на една француска телевизија, тој мистериозно се насмевна.
- Не можам да кажам ништо. Но ... убав обид, рече Тухел.