Тухел по триумфот над Србија: Ова е чисто тимска победа
- Селекторот на Англија, Томас Тухел, им оддаде признание на неговите избраници за убедливата победа над Србија.
Белград, 10 септември 2025 (МИА) – Селекторот на Англија, Томас Тухел, им оддаде признание на неговите избраници за убедливата победа над Србија.
Англичаните синоќа во Белград во доминанта игра ја совладаа Србија со 5:0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година.
- Беше чиста тимска работа. Игравме со голем интензитет и ја покажавме нашата вештина. Мислам дека не ѝ дозволивме на Србија да упати ниту еден удар кон голот, а тоа бара многу труд, многу интензитет и некоја невидлива работа за која обично не добивате пофалби, изјави Тухел за сајтот на УЕФА.
Англија има 15 бода и е лидер во Групата К. Србија е на третото место со седум бода. зс/
Фото: ЕПА