• сабота, 20 април 2024

Тухел официјално нов тренер на Баерн

Тухел официјално нов тренер на Баерн

Минхен, 24 март 2023 (МИА)  Германскиот фудбалски првак Баерн од Минхен официјално објави вечерва дека ја раскинал соработката со својот досегашен тренер Јулијан Нагелсман, назначувајќи го на негово место Томас Тухел.

Нагелсман дојде во Баерн во лето 2021 година и веќе беше под силен притисок на крајот од минатата сезона по елиминацијата во четвртфиналето во Лигата на шампиони од Виљареал, но го спаси освојувањето на германската титула.

„Кога го ангажиравме Нагелсман бевме уверени дека со него ќе соработуваме на долги патеки, бидејќи ја дели нашата визија за играње успешен и атрактивен фудбал. Меѓутоа, сега дојдовме до заклучок дека квалитетот на нашата екипа сè поретко доаѓа до израз. Особено лошо и неуспешно почнавме да играме по завршувањето на Светското првенство и тоа фрли сенка сомнеж на исполнување на нашите цели. Затоа делуваме сега“, изјави извршниот директор на Баерн, Оливер Кан.

Тухел ќе дебитира на клупата на Баерн следниот викенд во можеби клучниот дуел во битката за титулата против Борусија Дортмунд, која води на табелата со бод предност пред баварскиот клуб.

Тухел е без тренерски ангажман од септември лани кога доби отказ во Челзи, иако претходната сезона со лондонскиот клуб ја освои Лигата на шампиони. ег/ссм

ФОТО: Твитер

Остани поврзан