• петок, 22 ноември 2024

Тухел може да го замени Лампард во Челзи

Тухел може да го замени Лампард во Челзи
Лондон, 28 декември 2020 (МИА) - Томас Тухел би можел да биде новиот тренер на Челзи, објави „Билд“. ПСЖ пред два дена ја прекина соработката со германскиот фудбалски стручњак кој се врати во татковината. Раководството на Челзи во скоро време може да го отпушти Лампард по неколкуте слаби резултати во серија. Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, имаше преговори со Тухел, уште кога тој работеше во Борусија од Дортмунд. „Сините“ вечерва одиграа 1:1 со Астон Вила. По 16 натпревари, Челзи собра 26 бода во Премиер лигата и е надвор од зоната на Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан