• петок, 19 декември 2025

Турција ќе и испорача на Индонезија 48 авиони ловци КААН

Турција ќе и испорача на Индонезија 48 авиони ловци КААН

Анкара, 11 јуни 2025 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Турција ќе произведе и ќе и испорача на Индонезија 48 борбени авиони КААН, согласно постигнатиот договор помеѓу Анкара и Џакарта.

- Се надевам дека овој договор, кој ги открива достигнувањата на нашата одбранбена индустрија, ќе биде корисен и за Турција и за Индонезија, напиша Ердоган на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на организациите и истражувачите, кои придонесоа за создавањето на борбениот авион и потпишувањето на договорот со Индонезија.

Договорот во вредност од околу 10 милијарди долари е еден од најголемите во турската историја.

Авионот КААН е прв воен авион од петтата генерација произведен во Турција, а првиот успешен лет го имаше во февруари 2024 година. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан