Турција уапси речиси 300 осомничени за тероризам во акции против ПКК
- Во изминатите пет дена, турските власти уапсија речиси 300 „осомничени членови на терористички организации“ во акција насочена против Курдската работничка партија (ПКК), изјави министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја.

Анкара, 18 февруари 2025 (МИА) - Во изминатите пет дена, турските власти уапсија речиси 300 „осомничени членови на терористички организации“ во акција насочена против Курдската работничка партија (ПКК), изјави министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја.
„За време на операциите што траат веќе пет дена во 51 провинција, уапсени се 282 осомничени лица поврзани со терористички организации“, објави министерот на платформата Икс.
Денеска биле издадени 60 налози за апсење, а полицијата спровела 52 од нив, соопшти обвинителството во Истанбул.
Паралелно со овие апсења, продолжуваат дијалозите што турската влада ги иницира со ПКК со цел постигнување примирје.
ПКК, која Анкара ја смета за терористичка организација, води вооружена борба против турската држава од 1984 година. ссм/
фото: архива