Турција последен полуфиналист на СП за одбојкарки
- Турската женска одбојкарска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Тајланд со победа од 3-1 (25-14, 22-25, 25-14, 25-23) во четвртфиналето над САД.
Банкок, 4 септември 2025 (МИА) – Турската женска одбојкарска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Тајланд со победа од 3-1 (25-14, 22-25, 25-14, 25-23) во четвртфиналето над САД.
Турција го оправда статусот на фаворит што го имаше уште пред почетокот на натпреварот, беше доминантна во првиот и третиот сет, а само падот на концентрацијата во средината на вториот сет ја делеа од победа во три сета.
Во полуфиналето в сабота, Турција ќе игра против Јапонија, која во средата ја победи Холандија во пет сетови.
Претходно денеска, Бразил, исто така, обезбеди полуфинале со победа од 3-0 (27-25, 33-31, 25-19) над Франција и за битката за пласман во финалето ќе игра против главниот фаворит на турнирот, олимпискиот шампион Италија, која во среда ја победи Полска со 3-0 во четвртфиналето.ег
ФОТО: ЕПА