• петок, 22 ноември 2024

Турција: Момче, наводно инспирирано од видеоигра, тргнало во крвав напад, петмина повредени

Турција: Момче, наводно инспирирано од видеоигра, тргнало во крвав напад, петмина повредени

Ескишехир, 13 авгyст 2024 (МИА) - Тинејџер, 18-годишен, со шлем на главата, маска на лицето, елек, секира на појасот и нож в раце, влегол во чајџилница во турскиот град Ескишехир и повредил пет лица.

Напаѓачот бил фатен и приведен, по пријава на полицаец кој го видел инцидентот. Момчето, според наводите, го извршил нападот „под влијание на компјутерски воени игри што тој ги играл“ во играчниците во својот град.

Осомничениот е приведен, а петтемина повредени од неговиот напад се префрлени во околните болници. Меѓу нив има и две лица со потешки повреди опасни по живот. си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан