Турција изразува сочувство до Северна Македонија поради пожарот во Кочани
- Турското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Северна Македонија и до сите граѓани на земјата.

Анкара, 16 март 2025 (МИА) - Турското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Северна Македонија и до сите граѓани на земјата.
Министерството соопшти дека е длабоко тажи поради загубата на животи во пожарот што избувна за време на концерт во Кочани, Северна Македонија.
„Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите и народот во Северна Македонија и на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, се наведува во соопштениоето од турското МНР.
Бројот на загинатите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани се искачи на 59, а 155 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ссм/
фото: архива