• понеделник, 25 ноември 2024

Турските серии достигнаа 750 милиони гледачи во над 150 земји

Турските серии достигнаа 750 милиони гледачи во над 150 земји

Кан, 19 октомври 2023 (МИА) - Турските телевизиски серии стигнаа до вкупно 750 милиони гледачи во повеќе од 150 земји, нагласи заменик-министерот за култура и туризам на Турцфија, Батухан Мумџу на ТВ-фестивалот „Мипком“ во Кан, Франција.

Како што објави весникот „Хуриет дејли њуз“ на англиски јазик, Турција е водечки извозник на ТВ-серии меѓу земјите од неанглиско говорно подрачје и е на третото место во светот по Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Турските ТВ-серии доживеаја завиден успех и на неодамнешниот собир во Кан, на којшто присуствуваа над 10.000 посетители и претставници од 108 земји.

Секоја година во Турција се произведуваат околу 50 ТВ-серии.

- Со содржините произведени во Турција, достигнуваме 750 милиони гледачи во 152 земји. Сите фактори во индустријата добро ја знаат повеќеслојната важност на продажбата на ТВ-серии - и во однос на извозот и како моќна алатка на културната дипломатија, изјави Мумџу.

Шефот на турската медиумска група „Демирорен“ - Мурат Јанчу истакна дека водечката улога на Турција во извозот на ТВ-серии на светската сцена е доказ за успехот и напредокот во оваа индустрија. Во зависност од земјата, цената на една епизода достигнува меѓу 300 и 700 илјади долари.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан