• четврток, 23 јануари 2025

Турскиот министер за надворешни работи Фидан телефонски разговарал со новиот американски државен секретар Рубио

Турскиот министер за надворешни работи Фидан телефонски разговарал со новиот американски државен секретар Рубио

Aнкара, 23 јануари 2025 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговарал со новиот американски државен секретар Марко Рубио, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.

Според информации добиени од извори во турското МНР, барањето за разговорот што се реализирал доцна синоќа дошло од американска страна.

Хакан Фидан му посакал успех на колегата на новата функција.

Фидан и Рубио ја истакнаа решеноста на Турција и САД, како две земји сојузнички, да ја продолжат соработката заснована на меѓусебно почитување и доверба. Двајцата ја истакнаа важноста од координирана акција за регионалните прашања. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан