• четврток, 04 декември 2025

Турскиот министер за надворешни работи се сретна со Путин во Москва

Турскиот министер за надворешни работи се сретна со Путин во Москва

Москва, 27 мај 2025 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан вчера во Москва се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин, јави Анадолија.

Фидан за време на посетата на Москва ќе се сретне и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Турскиот министер претходно разговараше и со помошникот на рускиот претседател Владимир Путин.

Турското Министерство за надворешни работи на Х соопшти дека Фидан се состанал со Владимир Медински, кој ја предводеше руската делегација во првите директни преговори меѓу Русија и Украина по повеќе од три години во Истанбул.

Разговорите на 16 мај, со кои посредуваше Турција, завршија со договор на двете страни за размена на по илјада затвореници и за продолжување на преговорите за примирје.

Министерството не даде детали за разговорот меѓу Фидан и Медински. јт/

Фото: Анадолија

Остани поврзан