• среда, 25 декември 2024

Турската федерација ги демантира медиумите: Не му е врачен отказ на Кунц

Турската федерација ги демантира медиумите: Не му е врачен отказ на Кунц

Истанбул, 18 септември 2023 (МИА) – Селекторот на турската фудбалска репрезентација, германскиот стратег Штефан Кунц, не добил отказ, објави вечерва Фудбалската федерација на Турција (ТФФ), демантирајќи ги медиумските написи.

Турската новинска агенција „Демирорен“ (ДХА), објави во неделата дека ТФФ одлучил да ја раскине соработката со Кунц, откако Германецот ги критикувашe своите играчи по поразот во пријателскиот натпревар со Јапонија.

Во соопштението на ТФФ се наведува дека извештаите кои кружат вo медиумите за разделба со Кунц не соодветствуваат со вистината.

„Турската фудбалска федерација официјално го повика Штефан Кунц, чиј договор трае, на состанок со претседателот на ТФФ, Мехмет Бујукекши в среда на 20 септември“, се наведува во соопштението.

Кунц беше назначен за турски селектор во септември 2021 година. ег/

Фoто: Фејсбук

Остани поврзан