• понеделник, 23 декември 2024

Турската лира падна на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Турската лира падна на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Анкара, 7 јуни 2023 (МИА) - Турската лира денеска падна на рекордно ниско ниво, продолжувајќи го својот пад во однос на американскиот долар откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го започна својот трет мандат.

Лирата денеска ослабе за повеќе од шест отсто во однос на доларот. Турската валута падна за осум отсто по назначувањето на новата влада на Ердоган. Валутата од почетокот на годината ослабе за околу 20 отсто.

Вредноста на турската лира во однос на доларот паѓа од 2021 година поради инсистирањето на Ердоган да ги одржува ниски трошоците за задолжување за да се стимулира растот и покрај зголемената инфлација.

Аналитичарите велат дека владата на Ердоган ја зголемила лирата пред претседателските и парламентарните избори во Турција минатиот месец, користејќи ги девизните резерви за да го држи курсот под контрола. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан