Туристички крузер „скршнал“ кон Бахамите за да избегне судска заплена на Флорида
- Околу 700 патници имаа неочекуван крај на 14-дневното крстарење по Карибите кое не заврши во Мајами, Флорида, САД, како што беше планирано, оти пловилото се укотвило на Бахамите.
Лос Анџелес, 24 јануари 2022 (МИА) - Околу 700 патници имаа неочекуван крај на 14-дневното крстарење по Карибите, што не заврши во Мајами, на Флорида, како што беше планирано, туку пловилото се укотви на Бахамите.
Имено, место да се врати од патувањето во Мајами, крстосувачот „Кристал симфони“ фатил друг правец, откако властите наредиле негово запленување поради неплатени долгови. Причината е судска одлука за заплена на крстосувачот поради ликвидација на „Кристал крузес“ поради долг од 4,8 милиони долари.
Компанијата претходно соопшти дека го прекинала своето работење.
Бродот испловил кон островот Бимини, со што барем засега ја избегнал заплената. Патниците беа превезувани со траект до Форт Лодердејл или до околните аеродроми по непланираната промена на крајот на патувањето.
Компанијата моментно спроведува уште две крстарења - едното завршува на 30 јануари на Аруба, а второт на 4 февруари во Аргентина. си/сд/