• сабота, 18 мај 2024

Туре: Ќе ме изненади враќање на Меси во Барселона

Туре: Ќе ме изненади враќање на Меси во Барселона

Барселона, 6 април 2023 (МИА) – Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска и соиграч на Лионел Меси во Барселона, Јаја Туре, изјави денеска дека би бил изненаден доколку Аргентинецот се врати во редовите на каталонскиот клуб, пренесува весникот Марка.

Туре од 2007 до 2010 година настапуваше за Барселона заедно со Меси. Навивачите на Барселона за време на вчерашниот пораз на каталонскиот клуб од Реал Мадрид (0-4) во полуфиналето на Купот на кралот го скандираа името на аргентинскиот фудбалер.

„Јас лично би бил изненаден ако Меси се врати во Барселона. Сепак, во фудбалот не знаете што сè може да се случи. Сè што Меси направи во кариерата е импресивно. Постигна сè, вклучувајќи и триумф со Аргентина на последното Светско првенство. Не знам дали ќе остане во ПСЖ или ќе се врати во Барселона“, рече Туре.

Меси пред две години ја напушти Барселона и мина во ПСЖ, а се уште не донел одлука дали со клубот од Париз ќе го продолжи договорот што му истекува на лето. ег/

Фото: Твитер

Остани поврзан