• недела, 19 мај 2024

Тунис: Тројца убиени, четворица ранети во пукање во близина на синагога

Тунис: Тројца убиени, четворица ранети во пукање во близина на синагога

Тунис, 10 мај 2023 (МИА) - Во напад во близина на синагога во Тунис вчера загинаа двајца офицери за безбедност и двајца посетители, соопштија властите. Нападот се случи среде годишниот аџилак на островот Џерба, кој привлекува стотици Евреи од Европа и Израел.

Нападот го извршил чувар на поморски објект во Џерба, кој со своето оружје пукал во колега и му ја ограбил муницијата пред да се упати кон синагогата, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Напаѓачот пукал неселективно кон безбедносниот персонал лоциран во близина на синагогата, при што ги уби двајцата посетители и уште еден службеник за обезбедување. Повредени се петмина полицајци и четворица посетители. Безбедносните сили потоа го застрелаа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Туниското Министерство за надворешни работи соопшти дека еден од посетителите бил Французин, а другиот Тунижанец.

Засега не е соопштен мотив за нападот. ссм/

фото: Википедија

Остани поврзан