• недела, 22 декември 2024

Тунберг ќе донира 100.000 евра за праведна распределба на вакцини против Ковид-19

Тунберг ќе донира 100.000 евра за праведна распределба на вакцини против Ковид-19
Стокхолм, 20 април 2021 (МИА) - Активистката Грета Тунберг изјави дека владите, производителите на вакцини и меѓународната заедница мора повеќе да се вложат во борбата против нерамноправната распределба на вакцини во светот и најави дека ќе донира 100.000 евра за програмата КОВАКС. Шведската тинејџерка, која го инспирираше меѓународното еколошко движење за борба против климатските промени „Петок за иднината“, изјави дека во богатите земји секоја четврта личност прима вакцина против Ковид-19, а во сиромашните само една на 500. - Целосно е неетички во богатите држави сега да вакцинираат млади и здрави луѓе на штета на ризичните групи и оние кои се на фронтот на одбраната од пандемијата во сиромашните земји, истакна Тумберг. Светска здравствена организација објави дека минатата недела се регистрирани 5,2 милиони новозаразени луѓе со Ковид-19. ми/

Остани поврзан