• петок, 05 декември 2025

Тудор за ремито со Болоња: Солиден резултат на терен на кој им е тешко на сите да играат

Тудор за ремито со Болоња: Солиден резултат на терен на кој им е тешко на сите да играат

Болоња, 5 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Игор Тудор го коментираше ремито со Болоња (1:1) во натпреварот од 35. коло во Серија А.

- Знаеме дека Болоња има посебен стил, на кој работеа неколку години. Нивниот фудбал е поттикнат од ентузијазам, особено дома, и тоа ме натера да го одберам овој план за игра. Солиден резултат на стадион на кој на сите им беше тешко да играат. Со оглед на сите проблеми што ги имаме како повреди и дисквалификации, одигравме добар натпревар, изјави Тудор за „Football Italia“.

Јувентус со 63 бода се искачи на четвртото место во Серија А. Болоња собра 62 бода и е седма во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан