• среда, 04 март 2026

Труењето украински пратеници ја стопира работата на Врховната рада

Труењето украински пратеници ја стопира работата на Врховната рада

Киев, 12 февруари 2026 (МИА) - Работата на украинскиот парламент повторно е доведена во прашање. Врховната рада ги откажа сите пленарни гласања до 24 февруари поради недостиг на кворум и недоволен број пратеници што може да присуствуваат на седниците.

Како што објави пратеникот Јарослав Железњак на својот телеграм-канал, некои пратеници не се во можност да присуствуваат на седниците поради труење.

„Делумно поради труењето на пратениците (како што велат, вчера во кафетеријата)“, рече Железњак посочувајќи дека здравствената состојба на некои пратеници влијаела на работата на украинското законодавно тело.

Покрај тоа, некои пратеници моментно се на службени патувања, што дополнително го намалува бројот на оние што може да учествуваат во дискусијата и гласањето за нови законски предлози. Комбинацијата од овие околности доведе до одлуката за привремено прекинување на работата на парламентот. мс/рп/

фото: ЕПА

Остани поврзан