• петок, 23 август 2024

Трстена додели уште пет Златни олимписки оскари

Трстена додели уште пет Златни олимписки оскари
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) – Олимпискиот шампион Шабан Трстена, денес додели пет Златни олимписки оскари за личности и институции кои го поддржувале во неговата кариера. Добитници на Олимписките оскари на Трстена се: Решат Ибрахими новинар, Атанас Кировски новинар, Сефер Тахири новинар публицист, Игор Костов доктор и директор на Градската болница 8 Септември и продуцентот на филмот „Кобра“, Томи Салковски. Ова е петта ваква манифестација со која легендата на македонскиот спорт им се заблагодарува на неговите поддржувачи. бш/зс/

Остани поврзан